....Вести

Најави се

Гласај

Comercial Hits Top 10
 

Музички Вести

Евровизиската песна дополнета со видео спотот е пропаганда од Скопје – Јас ја имам силата, моето име е Македонија – вака грчките медиуми го коментираат годинешното претставување на Македонија во Осло. Во позната шоу емисија на грчката телевизија АЛТЕР, се расправаше за Ѓоко Таневски, неговата песна и видео спотот.
 

 

Влатко Лозановски е фаворит на годинешниот радиски фестивал МАРС 2009. 40 радиостаници од земјава одлучија дека тој треба да ја добие наградата за највртена песна во радискиот етер. Влатко Илиевски пак доби награда од публиката кои МАРС го следеа преку малите екрани. Во изборот за највртена песна во македонскиот радиски етер учествува и 5фм. На "повеќе" ви пренесуваме дел од атмосферата на МАРС.


 
Откажана турнеја на Depeche Mode сепак ќе продолжи. На официјалниот сајт на бендот денеска се појави информација дека фронтменот на бендот, Dave Gahan успешно е опериран од малигниот тумор на мочниот меур.Gahan на 12 мај беше хоспитализиран со симптоми на гастроенергитис, што доведе до откажување на низа концерти, вклучувајќи ги и оние во соседството.

 
Поп-дивата Калиопи утре настапува на финалната вечер на Хрватскиот Радиски фестивал. Во Опатија, каде се случува фестивалот, Калиопи ќе ја отпее темата Љубичице. По настапот во финалето на 14-от Хрватски Радиски Фестивал, Калиопи ќе одржи хуманитарен солистички unplugged концерт во Тиват.

 

Влатко Илиевски го промовираше својот деби-албум "Со други зборови" и видеоспотот за песната Најбогат на свет, што ја изведе на годинашниот домашен Евросонг. Иако неговиот амплакт-настап беше закажан на терасата во ТЦ Соравија, поради дождот промоцијата се одржа во Винер клубот, пред голем број почитувачи на неговата музика.

 

Временска Прогноза за Велес

Fair Sunny Sunny Sunny Sunny
28C 31C 31C 33C 33C C
Пет Саб Нед Пон Вто Сре
30 илјади евра е штетата од невремето кое минатиот месец го погоди Велес Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Вторник, 06 Јули 2010 13:19

Раскопани улици, подигнат асфалт, откинати делови од легнати полицајци. И по дваесетина дена, се уште се видливи последиците од невремето кое го зафати Велес. Општинските власти утврдиле штета од околу 30 илјади евра. Дел од раскопаните улици се поправени, санирањето на штетите во домовите, зависи од државата.

Последно освежено на Вторник, 06 Јули 2010 13:22
 
Ги тепал децата оти сакале да одат кај мајка си Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Понеделник, 28 Јуни 2010 14:11

35 - годишниот А.М. бил разведен со сопругата, со него останале да живеат двете деца. Поради негрижа, за кратко време, едно од децата избегало и заминало кај мајка си. Тоа не го премислило бесниот сопруг, па продолжил да го малтретира другото дете.

Последно освежено на Понеделник, 28 Јуни 2010 14:12
 
Невремето ја уништи градската канализациона мрежа Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Вторник, 22 Јуни 2010 13:02

Раскопани сообраќајници, откорнати бекатон плочки, купишта земја. Ова е сликата по невремето кое викендов го зафати Велес. Најмногу штета претрпе канализационата мрежа во градот. Поројниот дожд ги однел капаците од шахтите на повеќе градски сообраќајници.

Последно освежено на Вторник, 22 Јуни 2010 13:07
 
Велешани ќе куртулат од комарците Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Среда, 16 Јуни 2010 12:15

Ќе се прска против комарци. Општинските власти, трета година по ред спроведуваат авионско третирање против комарци. Дезинфекцијата ќе се спроведува во петок наутро, од 5 до 6 часот и 30 минути на територијата на градското подрачје и до с. Башино село, штипското петле, кланицата „Агриа“ и фабриката „Киро ќучук“.

Последно освежено на Среда, 16 Јуни 2010 12:19
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 18