....Вести

Најави се

Гласај

Comercial Hits Top 10
 

Музички Вести

1. "Love All Over Me" - Monica
2. "Mockingbird" - Rob Thomas
3."Un-Thinkable" - Alicia Keys
4. "Roll With It" - Easton Corbin
5. "My First Kiss" - 3oh!3 feat. Ke$ha
6. "Come Back Song" - Darius Rucker
7. "If I Die Young" - The Band Perry
8. "I Never Told You" - Colbie Caillat
9. "Smile" - Uncle Kracker
10. "Just The Way You Are" - Bruno Mars

 
Евровизиската песна дополнета со видео спотот е пропаганда од Скопје – Јас ја имам силата, моето име е Македонија – вака грчките медиуми го коментираат годинешното претставување на Македонија во Осло. Во позната шоу емисија на грчката телевизија АЛТЕР, се расправаше за Ѓоко Таневски, неговата песна и видео спотот.
 

 

Влатко Лозановски е фаворит на годинешниот радиски фестивал МАРС 2009. 40 радиостаници од земјава одлучија дека тој треба да ја добие наградата за највртена песна во радискиот етер. Влатко Илиевски пак доби награда од публиката кои МАРС го следеа преку малите екрани. Во изборот за највртена песна во македонскиот радиски етер учествува и 5фм. На "повеќе" ви пренесуваме дел од атмосферата на МАРС.


 
Откажана турнеја на Depeche Mode сепак ќе продолжи. На официјалниот сајт на бендот денеска се појави информација дека фронтменот на бендот, Dave Gahan успешно е опериран од малигниот тумор на мочниот меур.Gahan на 12 мај беше хоспитализиран со симптоми на гастроенергитис, што доведе до откажување на низа концерти, вклучувајќи ги и оние во соседството.

 
Поп-дивата Калиопи утре настапува на финалната вечер на Хрватскиот Радиски фестивал. Во Опатија, каде се случува фестивалот, Калиопи ќе ја отпее темата Љубичице. По настапот во финалето на 14-от Хрватски Радиски Фестивал, Калиопи ќе одржи хуманитарен солистички unplugged концерт во Тиват.

 

Влатко Илиевски го промовираше својот деби-албум "Со други зборови" и видеоспотот за песната Најбогат на свет, што ја изведе на годинашниот домашен Евросонг. Иако неговиот амплакт-настап беше закажан на терасата во ТЦ Соравија, поради дождот промоцијата се одржа во Винер клубот, пред голем број почитувачи на неговата музика.

 

Временска Прогноза за Велес

Mostly Cloudy Sunny Rain / Thunder Few Showers Light Rain
12C 29C 24C 21C 21C C
Сре Чет Пет Саб Нед Пон
Акцијата „Ден на дрвото“ е реализирана на грешно место Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Вторник, 06 Април 2010 13:53

Недозволива грешка, вака опозицијата во велешкиот совет ја оцени акцијата „Ден на дрвото“. Од СДСМ велат дека локалната власт не смеела да дозволи пошумување покрај езерото „Младост“на земја која државата ја продава. Советничката Весна Стојанова - Богоевска, смета дека со таквиот потег власта покажала некоординираност.

Последно освежено на Недела, 11 Април 2010 22:29
 
Скапите електронски уреди станаа мета на велешките крадци Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Понеделник, 05 Април 2010 14:19

Петнаесетина лаптоп компјутери, дигитални фотоапарати и повеќе мобилни телефони, ова е пленот на велешките крадци за само половина месец. Техничката роба стана најчеста мета на арамиите. Жртви се продавниците во кои се продаваат овие скапи електронски уреди. Tехномаркет, Tренд, Вип, Мобил планет се маркетите од кои се крадело.

Последно освежено на Недела, 11 Април 2010 22:42
 
46 годишен велешанец три пати силувал малолетник Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Среда, 10 Март 2010 20:20

На почетокот на јануари 46 годишниот С.Н почнал да го малтеритра 16 годишното момче. Двајцата претходно се запознале во спортска оболжувалница во новиот дел на градот. Силувачот при еден разговор со малолетникот почнал да го навредува на што сведоци биле и повеќе граѓани кои се наоѓале пред обложувалницата. Откако останале сами, 46 годишниот С.Н го одвел момчето во напуштена куќа и го силувал. 

 
Велешани не се заинтересирани за работата на локалната самоуправа Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Четврток, 11 Февруари 2010 13:51

Како да се добие извод од план, имотен лист, документ од матична служба, да се закаже средба со градоначалникот. Ова се дел од барањата на велешани доставени до локалната самоуправа преку законот за слободен пристап до информации. Годишниот извештај открива дека велешани не се заинтересирани за работата на општината. До службите пристигнале 30 барања, дури половина се од странски државјани.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 18