|
Напишано од Зоран Јаневски
|
|
Понеделник, 19 Октомври 2009 21:05 |
|
Бруцошите на дисперзираните студии од Правниот факултет ги добија индексите. Почна наставата за студентите кои ќе учат во Велес. 80 – тината бруцоши првиот академски час го одржаа во општинската зграда. Таму ќе се одвива и целиот образовен процес. Големата општинска сала ќе се користи како предавална.
|
|
Последно освежено на Понеделник, 02 Ноември 2009 20:03 |
|
|
Напишано од Зоран Јаневски
|
|
Четврток, 15 Октомври 2009 18:17 |
|
Екс владиката Јован Вранишковски пак ќе оди во затвор. Велешкиот суд му одреди казна од две и пол години за проневера на црковни пари. Тој на Македонската православна црква ќе треба да и врати и 250 илјади евра. Вранишковски беше обвинет за злоупотреба на 320 илјади евра, пари на Брегалничката, Пелагониско – преспанската и Повардарската епархија.
|
|
Последно освежено на Недела, 18 Октомври 2009 21:28 |
|
Напишано од Зоран Јаневски
|
|
Вторник, 13 Октомври 2009 21:03 |
|
15 годишната Елена Петрова скокнала од 2 – от кат на зградата во која живеела на улицата Благој Ѓорев во близина на касарната. Безживотното тело на Елена прв го забележал нејзиниот татко. Влегол во собата да ја разбуди за на училиште, но таа не била таму, само забележал дека е отворен прозорецот.
|
|
Последно освежено на Вторник, 13 Октомври 2009 21:51 |
|
Напишано од Зоран Јаневски
|
|
Понеделник, 12 Октомври 2009 17:54 |
Трева висока по 1 метар наместо производствени капацитети. Вака изгледа индустриската зона “Речани 2” во Велес. И по една година откако е пуштена во употреба таму не се работи ништо. Од предвидените 45 плацеви, сопственици имаат само 12. Блокирана е продажбата на останатите парцели. Веднаш откако беше отворена зоната, до комисијата за денационализација пристигнале барања за враќање на одземено државно земјиште.
|
|
Последно освежено на Понеделник, 12 Октомври 2009 22:19 |
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 9 од 18 |