....Вести

Најави се

Гласај

Comercial Hits Top 10
 

Музички Вести

1. "Love All Over Me" - Monica
2. "Mockingbird" - Rob Thomas
3."Un-Thinkable" - Alicia Keys
4. "Roll With It" - Easton Corbin
5. "My First Kiss" - 3oh!3 feat. Ke$ha
6. "Come Back Song" - Darius Rucker
7. "If I Die Young" - The Band Perry
8. "I Never Told You" - Colbie Caillat
9. "Smile" - Uncle Kracker
10. "Just The Way You Are" - Bruno Mars

 
Евровизиската песна дополнета со видео спотот е пропаганда од Скопје – Јас ја имам силата, моето име е Македонија – вака грчките медиуми го коментираат годинешното претставување на Македонија во Осло. Во позната шоу емисија на грчката телевизија АЛТЕР, се расправаше за Ѓоко Таневски, неговата песна и видео спотот.
 

 

Влатко Лозановски е фаворит на годинешниот радиски фестивал МАРС 2009. 40 радиостаници од земјава одлучија дека тој треба да ја добие наградата за највртена песна во радискиот етер. Влатко Илиевски пак доби награда од публиката кои МАРС го следеа преку малите екрани. Во изборот за највртена песна во македонскиот радиски етер учествува и 5фм. На "повеќе" ви пренесуваме дел од атмосферата на МАРС.


 
Откажана турнеја на Depeche Mode сепак ќе продолжи. На официјалниот сајт на бендот денеска се појави информација дека фронтменот на бендот, Dave Gahan успешно е опериран од малигниот тумор на мочниот меур.Gahan на 12 мај беше хоспитализиран со симптоми на гастроенергитис, што доведе до откажување на низа концерти, вклучувајќи ги и оние во соседството.

 
Поп-дивата Калиопи утре настапува на финалната вечер на Хрватскиот Радиски фестивал. Во Опатија, каде се случува фестивалот, Калиопи ќе ја отпее темата Љубичице. По настапот во финалето на 14-от Хрватски Радиски Фестивал, Калиопи ќе одржи хуманитарен солистички unplugged концерт во Тиват.

 

Влатко Илиевски го промовираше својот деби-албум "Со други зборови" и видеоспотот за песната Најбогат на свет, што ја изведе на годинашниот домашен Евросонг. Иако неговиот амплакт-настап беше закажан на терасата во ТЦ Соравија, поради дождот промоцијата се одржа во Винер клубот, пред голем број почитувачи на неговата музика.

 

Временска Прогноза за Велес

Fair Sunny Rain / Thunder Few Showers Light Rain
13C 29C 24C 21C 21C C
Сре Чет Пет Саб Нед Пон
Велешанка крадела од свој колега Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Четврток, 02 Јули 2009 14:30

5fmВелешанка крадела од свој колега па заработи кривична пријава од полицијата. 32 годишната Е.С од Велес работела во "Промес" во Прилеп. Но платата не и била доволна па велешанката посегнала по паричникот на нејзиниот колега Љ.В.

Последно освежено на Сабота, 04 Јули 2009 17:43
 
Гаталец решавал семејни проблеми за 14 илјади евра Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Понеделник, 29 Јуни 2009 15:28
5fmВетувал дека ќе им ги реши семејните проблеми ако му дадат доволно пари. Вака 42 годишен штипјанец успеал да заработи 14 илјади евра од двајца жители на велешкото село Оморани. Сабедин.Ш од Штип ги убедил братучедите, 37 годишниот П.Р и една година постариот З.К дека тој знае да гата и може да им помогне во средување на семејните врски.
Последно освежено на Понеделник, 29 Јуни 2009 20:13
 
Фолклорен фестивал "Велес" Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Четврток, 25 Јуни 2009 23:30
иффШаренило од бои, народни носии, песни, танци. Вака до сабота ќе живее Велес. Почна Интернационалниот фолклорен фестивал "Велес". Пет фолклорни ансамбли со 175 учесници од странство, гостување на уште два странски ансамбли и девет ансамбли од Македонија, се е дел од колоритот на шестото издание на  фолклорниот фестивал.
Последно освежено на Сабота, 04 Јули 2009 17:44
 
Стечајните управници го кршат законот за стечај Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Четврток, 25 Јуни 2009 08:29
SlikaНаправен е криминал во сите велешки фирми каде се водела стечајна постапка, обвини здружението на невработени “Страв”. Иако стечајните управници имале обврска целата документација од водењето на стечајната постапка да ја достават до државниот архив, тоа не го правеле. Претседателот на здружението Томислав Крстиќ вели дека со тоа се оштетени вработените и државата.
Последно освежено на Понеделник, 29 Јуни 2009 09:47
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 Следно > Крај >>

Лист 18 од 18