....Вести

Најави се

Велешани се шампиони во дарување крв PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Понеделник, 08 Февруари 2010 14:13

Велес е хуман град. Надлежните во трансфузиолошкото одделение во велешката болница се задоволни од бројот на собрани крвни единици. Минатата година собрани се над 2 илајди кеси крв. Трансфузиологот Славе Јорданов вели дека децении наназад Велес се вбројува меѓу првите три градови во Македонија по бројот на собрани крвни единици.

-Велешани како крводарители се познати, можеби повеќе од 30 години Велес е прв, втор или трет во Македонија по хуманост.. Минатата година во нашиот оддел во болницата има дарувано 2189 крвни единици така што планот е надминат за 200 %, изјави Славе Јорданов, трансфузиолог.

Сепак ова не е вистинската бројка на собрани крви единици. Во неа не се вклучени крводарителските акции во фирмите, училиштата и големата летна крводарителска акција.

-Во Велес, Чашка и Градско доаѓаат и екипи на Републичкиот завод за трансфузиологија во соработка со општинскиот црвен крст и тие имаат земено околу 1.300 единици, изјави Славе Јорданов, трансфузиолог. 

Хуманоста на велешани минатата година ја поздрави и републичкиот Црвен крст. Летната акција за дарување крв ја прогласи за најголема во државата. Во неа крв даруваа 375 луѓе а ќе остане запаметена како акција со најголем број нови крводарители.. Дури 23 -ца велешани се одлучија да се приклучат во стотиците луѓе кои сакаат да спасат живот.

 

 

 

Додади коментар


Security code
Освежи