....Вести

Најави се

Димитар Андонов Папрадишки се врати дома. Отворена е изложба со негови до сега не изложени дела PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Вторник, 09 Февруари 2010 14:11

Автопортрет, смртта на револуционерот Гоце Делчев, пејсажи, икони - ова содржи изложбата на ликовни дела на последниот македонски зограф и основоположник на современата македонска ликовна уметност, Димитар Андонов Папрадишки.

Ретроспективната изложба содржи педестина ликовни дела. Директорката на националната галерија Маја Трпевска вели дека Папрадишки е инспирација за многу современи македонски сликари.

- Изложбата ја подготвуваме две години. Таа е обемна и затоа беа потребни такви подготовки и особено сме горди на гестот на семејството кое ги извади сликите од својата лична поставка за нив да ги види пошироката публика. Она што можам да го кажам е дека станува збор за голем уметник, од кого првите зографски знаења директно ги црпеше Лазар Личеноски, основоположник на современото македонско сликарство", рече Маја Крствеска, директорка на Националната галерија.  

Папрадишки во својот творечки  век има работено во околу стотина цркви а има насликано над 1.200 икони. Тој бил зограф и сликар кој го користел платното како и маслените бои за да ги забележи за вечност портретните ликови на неговите современици, како и на неговите најблиски, користејќи ги визуелното искуство и фотографијата како работна подлошка. Според министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска вели дека Папрадишки ќе остане запаметен по својот исклучително богат ликовен опус.

- Министерството ќе направи напори ова многу значајно творештво да го внесе во програмите со кои државава ќе го промовира македонското културно творештво и во странство. Во колку постои проект со кој Народниот музеј и општина Велес сакаат делата на Димитрија Андонов Папрадишки да бидат изложени во трајна поставка тогаш министерството ќе го разгледа и се надевам позитивно ќе одлучи", рече Канческа Милевска.

Дел од изложените дела за прв пат ги погледна јавноста. Изложени се пет слики од приватната колекција на наследниците на Папрадишки, семејството Мангутови.

- Овие дела треба да ги види јавноста затоа што поседуваат квалитет, а преку нив и да се запознае со широкиот агол на се она што создавал мојот вујко, уметникот чии квалитети се познати во иконографијата и рескоживописот, како и во профаното сликарство. Ние не знаеме колку тие чинат затоа што досега не е проценета нивната вредност, а за тоа сме немале ниту повод бидејќи од нив ние нема да се разделиме", рече Димитрија Мангутов, внук на Папрадишки.

Изложбата се организира за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Папрадишки. Реализирана е во соработка со  Националната галерија на македонија и велешкиот народен музеј.

 

Последно освежено на Вторник, 09 Февруари 2010 14:12
 

Додади коментар


Security code
Освежи