| На повидок е ново поскапување на водата за пиење |
|
|
|
| Напишано од Зоран Јаневски |
| Среда, 10 Февруари 2010 15:21 |
|
Директорот на комуналното, Ѓорѓи Коџобашиев вели дека со договорот утврдена е цената само за тековната година. -ЈКП Дервен ќе плаќа за водата што до сега не беше случај. ЈПВ Лисиче ќе остварува приход по тој основ, станува збор за 4 миљони метри кубни вода годишно и од овој месец значи ЈПВ Лисиче ќе почне со фактурирање. Оваа цена што ја договоривме сега со важност до 31.12.2010 година, ЈКП Дервен оваа година не планира да бара од советот покачување на цената, изјави Ѓорѓи Коџобашиев, директор на ЈКП Дервен. Дервен, водата ќе ја купува по 2,25 денари за метар кубен. Од Лисиче велат дека тоа се малку пари за покривање на тековните трошоци на претпријатието. Според директорот Ацо Петров, Лисиче ќе работи рентабилно кога ќе се изгради цевководот за наводнување на велешкото поле. - Со овие цени на водата само ќе се подобри состојбата во ЈПВ Лисиче затоа што претпријатие досега 100 % се финансираше од државниот буџет, изјави Ацо Петров, директор на ЈПВ Лисиче. Договорот за купопродажба на водата ќе ги зголеми трошоците и на комуналното Дервен. -Ќе го отежни работењето на ЈКП Дервен, помалку развој на претпријатието меѓутоа ќе гледаме во оваа ситуација да се снаоѓаме, изјави Ѓорѓи Коџобашиев, директор на ЈКП Дервен. Велес е меѓу првите пет града во Македонија кои имаат најскапа вода за пиење. И покрај ова во Дервен се задоволни од наплатата. Моментално се движи околу 80 проценти. |
| Последно освежено на Среда, 10 Февруари 2010 15:32 |



До крајот на годинава нема да поскапе водата за пиење, уверува комуналното Дервен. Цената од 30,4 денари за потрошен тон вода ќе важи до 31 декември. Оваа цена ја утврдува петгодишниот договор кој на почетокот на неделава го потпишаа јавните претпријатиа Лисиче и Дервен за купопродажба на вода.