....Вести

Најави се

Велешани не се заинтересирани за работата на локалната самоуправа PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Четврток, 11 Февруари 2010 13:51

Како да се добие извод од план, имотен лист, документ од матична служба, да се закаже средба со градоначалникот. Ова се дел од барањата на велешани доставени до локалната самоуправа преку законот за слободен пристап до информации. Годишниот извештај открива дека велешани не се заинтересирани за работата на општината. До службите пристигнале 30 барања, дури половина се од странски државјани.

Граѓани од Германија, Русија и Србија се интересирале за туристичката понуда на градот а прашувале и со колку легла располагаат хотелите во Велес. Така човек од Србија побарал помош од општината да го дознае возниот ред на железничката линија Велес – Битола, жител на Турција си ги барал семејните корени во околината на Велес а граѓанин од Германија побарал фотографии и поштенски картички од знаменитостите на Велес.

Општината одговорила на сите барања. Ги обезбедила информациите кои биле побарани.

Според законот за слободен пристап до информации, освен општината, обврска да одговорат на прашања од граѓаните имаат и јавните претпријатиа, училиштата, народниот музеј и библиотеката. 

Најмногу прашања пристигнале до комуналното Дервен. Луѓето прашувале како да го платат заостанатиот долг, дали ќе има рестрикции на вода и биле побарана информација и за огласот за вработување во јавното претпријатие. 

 

Додади коментар


Security code
Освежи