| 78-годишна велешанка преживеа пад од 4-ти кат |
|
|
|
| Напишано од Зоран Јаневски |
| Четврток, 22 Април 2010 18:28 |
|
- Во тој дел има и дрва, претпоставуваме дека гранките го ублажиле ударот. Лекарите не претпоставувале дека пациентката може да посегне по својот живот, оти во болничкото досие не било евидентирано дека таа е нервно растроена, изјави Весна Чадиева, портпарол на „Општа болница – Велес“.
|
| Последно освежено на Петок, 07 Мај 2010 19:18 |



78-годишната старица утринава, дваесетина минути после седум часот се обидела да си го одземе животот. Во состојба на нервно растројство, скокнала од четвртиот кат на велешката болница, каде е сместено интерното одделение. По падот од 15 метри, добила само модринки по главата, телото и скршена коска на ногата.