|
Напишано од Зоран Јаневски
|
|
Петок, 23 Април 2010 14:26 |
|
Пишаниот збор е примамлив за велешани. Го следат светскиот тренд, постојано ги бараат насловите кои го обиколуваат светот. Во Локалната библиотека, „Гоце Делчев“, членуваат 3 илјади луѓе. Директорката, Елена Тевчева, вели дека според бројот на жители, тоа е мала читателска публика, но постојана и со "вкус".
- Добро е што читателската публика во Велес не е “изгубена”, постојано се интересира за нови наслови, изјави Елена Тевчева, директор на Локална библиотека „Гоце Делчев“.
Белетристика, стручна литература и лектири, ова најмногу го читаат велешани, покажува статистиката на локалната библиотека. Од таму велат дека минатата година се зголемила и побарувачката на исламската литература.
- Барани се и македонските автори, особено Венко Андоновски. Децата, освен задолжителните лектири, ги читаат и светските класици како „Господарот на прстените“ и „Хари Потер“, изјави Тевчева.
Денеска, 23 април, светот го одбележува, „Денот на книгата и авторското право“. Од Локалната библиотека, очекуваат дека во иднина ќе се зголеми читателската публика во Велес.
|
|
Последно освежено на Петок, 07 Мај 2010 19:17 |