| Реката „Вардар“, се враќа во своето корито |
|
|
|
| Напишано од Зоран Јаневски |
| Петок, 23 Април 2010 15:24 |
|
Дождот кој непрекинато паѓаше изминатите денови го зголеми дотекот на вода во „Вардар“. Поради тоа, дел од нивите во горниот тек на реката во Велес, беа поплавени. Вода од реката навлезе и во подрумските простории во куќите во центарот на градот. Целосно поплавен беше и кејот кај малото мовче.
|
| Последно освежено на Петок, 07 Мај 2010 19:17 |



Опаѓа нивото на „Вардар“ во Велес, тоа денеска е пониско за 20 сантиметри. Вчера реката имаше максимална височина, два метри и 80 сантиметри, што е највисока од почетокот на годинава. Од Центарот за управување со кризи, информираат дека повеќе нема опасност од излевања, и очекуваат дека до крајот на денот, нивото ќе опадне за уште десетина сантиметри.