| Вардарскиот плански регион ќе гради регионална депонија |
|
|
|
| Напишано од Зоран Јаневски |
| Среда, 28 Април 2010 14:55 |
|
- Првиот чекор ќе биде изработка на пре - физибилити студија за да ги откриеме проблемите со кои се соочува регионот во справување со цврстиот комунален отпад, изјави Сабине Киц, претставник на австриската фирма „АСА“. Надлежните во „Вардарскиот регион“, велат дека се уште не знаат каде ќе се наоѓа депонијата. Општините очекуваат физибилити студијата да ја утврди локацијата, но сепак договорот треба да биде заеднички, вели раководителот Александар Бузалков. - Можните локации не можеме да ги кажеме сега, оти градоначалниците на претходните седници се договорија дека треба да се најде локација која ќе ја посочат професионалци. Се надевам дека физибилити студијата ќе дефинира локаци кои ќе одговараат за регионална депонија, изјави Александар Бузалков, раководител на „Вардарски плански регион“.
|
| Последно освежено на Петок, 07 Мај 2010 19:17 |



Градовите од централна Македонија ќе добијат своја регионална депонија. Вардарскиот плански регион подготвува проект кој треба да утврди каде ќе се наоѓа депонијата. Студијата ја изработува австриска компанија.