....Вести

Најави се

Децата во Велес имаат лошо орално здравје PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Среда, 28 Април 2010 15:13

Аларманто, вака стоматолозите го оценуваат оралното здравје кај децата од Велес. Долгогодишното загадување, е најголем виновник за ваквата состојба, велат забните лекари. Докторот Стојче Стојков, смета дека за подобрување на општата здравствена состојба кај децата, потребно е тие да имаат првин здрави заби.

- Сакаме да се подигне свеста, и лично да ги стимулираме дека здравите заби се добро здравје. Тие можеби не се срце, но се многу важен дел, изјави Стојче Стојков, стоматолог.

Во подобрување на оралното здравје, најголема улога имаат училиштата и градинките, сметаат лекарите. Поради ова, „Здружението на стоматолози“, денеска одржа предавање за наставниците од Велес. Учеа како да ги едуцираат своите ученици во подобрување на здравјето на забите. Предавачи беа докторите од „Стоматолошкиот клинички центар“ во Скопје.

Од „Здружението на стоматолози“, велат дека имаат одлична соработка со училиштата и градинките. Редовно организирале прегледи за децата, и делеле  брошури, како најмладите да го подобрат оралното здравје.

 

Последно освежено на Петок, 07 Мај 2010 19:17
 

Додади коментар


Security code
Освежи