....Вести

Најави се

Скопјани ограбувале продавници во Велес PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Четврток, 27 Мај 2010 13:13

Крадци од Скопје, минатиот викенд дошле на "привремена" работа во Велес. Мета им биле продавниците во новиот дел на градот. Краделе пари и скапа техничка роба. Првата кражба ја сториле во петокот вечерта, провалиле во бутикот „Александрија“. Зеле паричник со 11 илјади денари и лап – топ компјутер. Незадоволни од пленот, одлучиле истата ноќ да ограбат уште еден објект.

Овој пат, мета била трафика во населбата „Тунел“. Таму немале многу среќа, ги забележале случајни минувачи и обидот го пријавиле во полицијата. Таа веднаш интервенирала и на дело ги фатила крадците. Ги привела и им го зела пленот.

Сега полициските инспектори истражуваат, дали двајцата скопјани и претходно краделе во Велес. 

До крајот на денот, полицијата до основното јавно обвинителство, на крадците ќе им поднесе кривични пријави за „Тешка кражба“ и „Кражба во обид“.

 

Последно освежено на Четврток, 27 Мај 2010 13:21
 

Додади коментар


Security code
Освежи