....Вести

Најави се

Велешани ќе куртулат од комарците PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Среда, 16 Јуни 2010 12:15

Ќе се прска против комарци. Општинските власти, трета година по ред спроведуваат авионско третирање против комарци. Дезинфекцијата ќе се спроведува во петок наутро, од 5 до 6 часот и 30 минути на територијата на градското подрачје и до с. Башино село, штипското петле, кланицата „Агриа“ и фабриката „Киро ќучук“.

Општинскиот инспектор за животна средина, Билјана Шуркова Манаскова, апелира до пчеларите да ги заштитат пчелните семејства.

- Прскањето се врши со инсектицид кој е одобрен од Министерството за земјоделие и тој е безбеден за населението. Поради превенција, ние како општина сме должни во 72 часа пред прскањето, да ги известиме пчеларите да ги затворат кошниците во текот на прскањето и 2–3 часа потоа, заради влијанието на инсектицидот, вели Шуркова Манаскова.

Поради интензивните врнежи од дожд и високите температури, надлежните годинава одлучиле порано да се прска против комарци и други инсекти.

- Годинава почнуваме малку порано за да ги фатиме комарците во нивната ларвена форма. Целта на авио-третирањето е да се намали бројот на комарците до прагот на штетност, како и да се спречи репродукција на постојаните комарци кои ги има на територијата на општината, изјави Шуркова Манаскова.  

Експертите проценуваат дека за успешна заштита е потребно да се прска два пати годишно. На почетокот на идниот месец ќе се прска уште еднаш против комарци. Инаку, тие се најактивни од 20 до 23 часот навечер, и од 5 до 7 часот наутро.

 

Последно освежено на Среда, 16 Јуни 2010 12:19
 

Додади коментар


Security code
Освежи