....Вести

Најави се

Ги тепал децата оти сакале да одат кај мајка си PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Понеделник, 28 Јуни 2010 14:11

35 - годишниот А.М. бил разведен со сопругата, со него останале да живеат двете деца. Поради негрижа, за кратко време, едно од децата избегало и заминало кај мајка си. Тоа не го премислило бесниот сопруг, па продолжил да го малтретира другото дете.

Не му дозволувал да контактира со мајката, а го терал и да ја навредува со вулгарни зборови. За да наметне страв, често ги тепал.

Агресивноста на сопругот кулминарала кога мајката на децата заминала во странство, а за тоа не го известила разведениот сопруг. Тој постојано се јавувал кај децата и со закани се обидувал да ги врати дома.

Ниту социјалните работници не помогнале во однесувањето на сопругот. Безуспешни биле советувањата од центарот за социјални работи, 35 - годишниот велешанец продолжувал да ги тепа децата. Поради ова, од полицијата заработи кривична пријава за телесна повреда.

 

Последно освежено на Понеделник, 28 Јуни 2010 14:12
 

Додади коментар


Security code
Освежи