| 30 илјади евра е штетата од невремето кое минатиот месец го погоди Велес |
|
|
|
| Напишано од Зоран Јаневски |
| Вторник, 06 Јули 2010 13:19 |
|
Претседателот на советот, Славчо Чадиев, вели дека општината ќе го испрати извештајот со утврдените штети до Владата, а таа ќе треба да дозволи обештетување на семејствата погодени од невремето. - Владата има сектор за елементарни непогоди, и таму продолжува постапката. Наша задача беше итно да ги поправиме оштетените улици и да помогнеме во извлекувањето на водата од поплавените домови, изјави Чадиев, претседател на општинскиот совет. Силните поројници најмногу штета предизвикаа во канализационата мрежа. Водата ги однела капаците од шахтите на повеќе градски сообраќајници. Поради ова, целосно затнати беа канализационите мрежи на десетина улици. Комуналното „Дервен“ се уште работи на отстранување на дефектите. За расчистување на градските сообраќајници и поправки на раскопаните улици, претпријатието потрошило 7 илјади евра. Извештајот со штетите од невремето, утре ќе го разгледува и советот.
|
| Последно освежено на Вторник, 06 Јули 2010 13:22 |



Раскопани улици, подигнат асфалт, откинати делови од легнати полицајци. И по дваесетина дена, се уште се видливи последиците од невремето кое го зафати Велес. Општинските власти утврдиле штета од околу 30 илјади евра. Дел од раскопаните улици се поправени, санирањето на штетите во домовите, зависи од државата.