....Вести

Најави се

2,5 години затвор за Јован Вранишковски PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Четврток, 15 Октомври 2009 18:17

Екс владиката Јован Вранишковски пак ќе оди во затвор. Велешкиот суд му одреди казна од две и пол години за проневера на црковни пари. Тој на Македонската православна црква ќе треба да и врати и 250 илјади евра. Вранишковски беше обвинет за злоупотреба на 320 илјади евра, пари на Брегалничката, Пелагониско – преспанската и Повардарската епархија.

Во обвинението напишано на 10 страници, Вранишковски се товари дека купувал скапи подароци и џипови а трошел и за престој во луксузни апартмани.

За проневера на парите од МПЦ, Јован досега два пати добиваше ослободителна пресуда но Апелациониот суд во Скопје ги укинуваше пресудите и случајот го враќаше на повторно разгледување во велешкиот суд.

Инаку Јован не ја слушна пресудата, тој веќе две години е во бегство. Србија и Грција се земјите во кои најчесто престојува Вранишковски.

Поранешниот владика на МПЦ досега два пати има лежено во затвор. Беше осуден за ширење верска омраза и проневера на пари од донација.

 

Последно освежено на Недела, 18 Октомври 2009 21:28
 

Додади коментар


Security code
Освежи