| Почна наставата на Правниот факултет во Велес |
|
|
|
| Напишано од Зоран Јаневски |
| Понеделник, 19 Октомври 2009 21:05 |
|
Од управата на факултетот уверуваат дека тоа нема да влијае врз образовниот процес и студентите ќе учат по наставниот план по кој се образуваат и нивните колеги во Скопје. Продеканот за настава Тодор Каламатиев вели дека потрагата по соодветни услови за настава го одложиле и стартот на студиите. -Наставата и науката импровизација не трпи. Од тие причини баравме услови за изведување на истата. Во моментот кога тоа општината ни го овозможи, ние дојдовме овде. Наставата ќе биде изведувана согласно наставниот план на Правниот факултет во Скопје, што значи редуцирана настава не доаѓа во предвид, професорите се обвразани да доаѓат и ќе доаѓаат по веќе подготвен план, изјави Тодор Каламатиев, продекан за настава. Од локалната самоуправа тврдат дека студентите нема да пречат во работата на општината. Имаме и други простории каде ќе се одвиваат тековните активности, вели градоначалникот Горан Петров. -Општина Велес поседува и други достоинствени просторни услови, тоа е пред се салата Бели мугри, така што сум убеден дека со добра организација нема да се почувствуа тоа што овдека општинската сала је ангажирана за студиите на Правниот факултет, изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. Сепак ваквите тврдења не се гаранција дека студиите ќе се одржуваат во Велес. Бруцошите потпишале изјави со кои се согласуваат дека предавањата ќе ги следат во Скопје ако факултетот не најде простории за настава во Велес. -Студентите да, потпишаа изјава меѓутоа изјава во која што се велеше дека доколку не се исполнат условите за изведување на настава во Велес, наставата ќе се изведува во Скопје. Значи вистината е сосема поинаква, изјави Тодор Каламатиев, продекан за настава. Инаку ова е втора година откако во Велес се одвива настава на Правниот факултет. И лани првиот академски час се одржа во големата општинска сала но студентите наставата ја продолжија во Скопје.
|
| Последно освежено на Понеделник, 02 Ноември 2009 20:03 |



Бруцошите на дисперзираните студии од Правниот факултет ги добија индексите. Почна наставата за студентите кои ќе учат во Велес. 80 – тината бруцоши првиот академски час го одржаа во општинската зграда. Таму ќе се одвива и целиот образовен процес. Големата општинска сала ќе се користи како предавална.