....Вести

Најави се

Избран е најмладиот библиотекар во Велес PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Вторник, 20 Октомври 2009 18:18

40 тина основци од училиштата во градов и околните села се натпреваруваа на библиотекарскиот натпревар во знаење од македонски јазик и литература. Најдобри резултати имаше Викторија Петрова од училиштето Даме Груев во општина Градско. Локалната библиотека Гоце Делчев ја награди Викторија со пакет книги, бесплатно членство и диплома за постигнатиот успех.

Директорката на библиотеката, Елена Тевчева вели дека секоја година расте интересот за учество во натпреварот за млади библиотекари.

-Целта на овој натпревар е првин децата да се дружат меѓутоа и нешто повеќе да научат за библиотечната дејност, за настанокот на книгата и потеклото на писмото, изјави Елена Тевчева, директор на библиотека Гоце Делчев – Велес.

Второто место го освои Магдалена Стојменовска од училиштето Стојан Бурчевски Буридан од с. Иванковци, а третото Барбара Најдова од училиштето во Градско. Учесниците велат дека долго време се подготвувале за натпреварот.

-Тестовите беа лесни, се состоеа од прашања од типот кога е формирана и каде е отворена првата библиотеката, изјавија натпреварувачите.

Најдобриот млад библиотекар ќе се избира на државниот натпревар кој годинава ќе се одржи во Велес на 6 ноември. Во него ќе учествува и победникот од општинскиот натпревар Викторија Петрова.

-Сите колеги од Македонија посакаа да ја видат оваа репрезентативна зграда а тоа ќе биде и повод за афирмација и анимирање на библиотеката меѓутоа и тие да посетат едно ново катче, изјави Елена Тевчева, директор на библиотека Гоце Делчев – Велес.

Општинскиот натпревар за млади библиотекари се организира петта година по ред.

 

Последно освежено на Понеделник, 02 Ноември 2009 20:03
 

Додади коментар


Security code
Освежи