....Вести

Најави се

По 12 години затвор за браќата - платени убијци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Зоран Јаневски   
Понеделник, 26 Октомври 2009 23:03

По 12 години затвор добија браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски од Скопје обвинети дека го убиле 74 годишниот Лазар Милошевски од велешкото село Ореше. На пресудата бурно реагираа браќата Ѓорѓиевски, со лелек и плач ја исполнија судницата. Со солзи во очите пресудата ја дочекаа и роднините на Ѓорѓиевски кои беа пред судот. Гневни од казната за нивните најблиски ги нападнаа роднините на убиениот старец.

Првин со пцовки а потоа и со клоци ја нападнаа внуката на убиениот Милошевски.

Судијата Илија Танев во изрекувањето на казната образложи дека трансферот на пари, полиграфското тестирање и изјавите на заштитениот сведок биле пресудни браќата да бидат прогласени за виновни.

Полицијата Ѓорѓиевски ги упаси лани со обвинение дека со еден куршум го убиле Милошевски додека тој бил во својот дом, а убиството го нарачал гастарбајтерот Ѓоре Петровски од Америка. За тоа на браќата им платил од 20 до 50 илјади долари.

Според полицијата, мотивот за убиството на Милошевски е одмазда оти Петровски се сомневал дека старецот во 1995год. се обидел да убие негов близок роднина.

Инаку кривична пријава има и нарачателот на убиството Петровски, но се чека на негова екстрадиција од Америка.

Последно освежено на Понеделник, 02 Ноември 2009 20:02
 

Додади коментар


Security code
Освежи